Бирд е трикратен шампион во НБА лигата, два пати прогласуван за МВП на финалето, 12 пати учествуваше на Ол стар игрите, а беше дел и од легендарниот дрим тим кој го освои златото на Олимписките игри во Барселона 1992. Но сега се други времиња, а прашањето кое му го поставија на шоуто на Ден Патрик е: Може ли 58 годишниот Бирд, против 52 годишниот Џордан?
„Мразам што треба да признаам, но ќе ме убие еден на еден. Имам 18 кила повеќе отколку кога играв, надвор од форма сум и не се грижам за себе како порано. Борец сум по природа, но не е таа борба во мене како порано. Како и да е би бил еден убав тесен натпревар“, смета Бирд.
Тоа прашање го доби откако Џордан минатиот месец изјави дека е убеден дека сега може да ги победи сите играчи на Шарлот Хорнетс еден на еден.
„Сега? Ма ајде. Тој може да верува во тоа, но мора да го докаже“.
Бевте ли подобар од некој во вашиот тим на Индијана кој го трениравте кога имавте меѓу 40 и 43 година во периодот 1997-2000 година?
„Не знам за тоа“.
А во шутирање?
„Да, тоа да, но сепак и не е баш така. Реџи Милер беше тука тогаш, Крис Малин, Сем Перкинс, тоа беа добри шутери“.
Легендарниот НБА играч откако беше тренер на Индијана Пејсерс, во 2003-та стана претседател. Функција која ја вршеше до 2012 година и на која и се врати една година потоа.
Тој е единствениот во историјата на НБА, кој бил најкорисен МВП играч, а подоцна и најдобар тренер и функционер на клуб.