Кошарка

Само да не те фати маскотата на Денвер Нагетс

Се вика Rocky the Mountain Lion или скратено Роки. Пред некое време една девојка одби плишано мече од него за Валентајн, па и донесе огромна плишана мечка со која што ја поклопи. Синоќа против ЛА Клиперс барал гостински навивачи и ги начекал со машинка за шишање.

За средношколец забивањево е врв

Се вика Тајлер Хадсон, дел е од средношколскиот баскет во САД и иако таму за секој втор се вика дека е голем талент, сепак детево е нешто повеќе. In your face.

Ол стар 2000 со Љубомир Николовски

Со ништо не може да се спореди тоа со ова време во кошаркарската лига поради која седевме до сабајле како вампири. Ги нема на тв повеќе ниту нив, ниту коментаторот кој му даваше посебен драж на секој НБА натпревар.

Не е мастика за Шек

За време на паузата од мечот Кавалирс - Визардс, Шекил О’Нил потсети дека е природен и кога снима камера и кога не снима.

Петар Наумовски го одбил Чикаго во времето на Џордан

Поранешниот лидер на македонската кошаркарска репрезентација кој неодамна беше реизбран на чело на МКФ, ја открива најјаката можна понуда во кариерата која може да се слушне за кошаркар од нашиве простори.

Судија на сезоната во кошаркарска Италија

Серија Ц, трета италијанска лига, дуел меѓу Кастроно и Бофалора. Гледајте го судијата во горниот лев агол. Судијата.

Ферги, па не ти е химната балада за додворување на шанк

Популарната американска пејачка, добитничка на Греми во минатото, Ферги ја испеа химната на САД пред почетокот на Мечот на сите ѕвезди во НБА. Коментарите за настапот уште не стивнуваат.

Што се случуваше на НБА Ол Старот

Во новиот формат на мечот на сите ѕвезди, тимот на Леброн го победи тимот на Стеф со 148:145 (31:42, 45:36, 33:34, 39:33). Статистиката во шутот за три поени зборува доволно за циркусот од кошарка синоќа: Team Stephen 17/65 Team Lebron 19/58.

Квалитетни виткања обрачи на Ол-стар турнирот во забивање

Можеби не толку спектакуларни како во изминатите години, но мошне квалитетни забивања видовме на синоќешниот турнир Slam Dunk Contest 2018.

Сите „куцања“ на Џордан на Ол-Стар дуелите

На 19. февруари не чека уште еден Меч на сите ѕвезди во НБА. Ќе има цел куп тројки, забивања, весели потези, дриблинзи и чуда. Да се потсетиме што правеше најголемиот на сите времиња:

Поп за претседател на Америка

Почна од зафрканција, со печатени маици и капи Pop for President, но тренерот на Сан Антонио од изјава во изјава покажува зошто е голем. Последно што кажа е дека „САД мора на големо да го одбележуваат Месецот на историјата на црните луѓе зошто Америка и натаму е расистичка земја“.

И така, решиле да играат икс-нула на полувреме во НБА

За време на паузата од мечот Портланд Трејлблејзерс - Шарлот во НБА, домаќините приредија забава за публиката а две девојки беа како муви без глави.

Мали прво ќе одиш по бурек, па по цигари

Дирк Новицки иако годинава ќе наполни 40 години, тоj е стар и преискусен волк со 20 години кариера во Далас и шести играч во историјата на НБА со 50.000 минути поминати на терен. Дрејмонд Грин уште ли си во продавница или сакаш да те пратам уште еднаш?.

Страшно средношколско забивање на годината во Америка

Запаметете го името Мак Мекланг. Игра за средношколскиот тим Гејт Сити кој во Америка го завикале Данк Сити. Мак покажа и зошто:

Забивањето на Гркот во НБА кое ќе се раскажува на внуци

Јанис Антетокумпо од Милвоки го прекрстија во Винс Картер. Насловите во САД изгледаат вака: Нема повторно да видиме забивање како ова. Сè ќе беше понормално, ако човекот кого го прескокна (Хардавеј Јуниор) не беше висок 2 метри. Па уште и со цепелин.

Навали народе, сезонска влезница за 20 евра

Не сме само ние за жалење со таа кутра македонска лига која никако да живне. Што да каже Литванија каде цената на еден фудбалски натпревар може да достигне и до неверојатни едно евро. Показател за квалитетот кој го нудат.

Луда кошаркарска завршница

Водиш 2 поени разлика, имаш уште едно слободно фрлање, го промашуваш и му оставаш на противникот време од 2,6 секунди до крај на мечот. Еве што може да ти се случи. Како ја фрли мислиш ѓуле држеше во раце.

Тројката на Харден која вреди 60.000 поени

Во финишот од мечот против Орландо, Харден погоди тројка и доби фаул. Тоа значеше: 60 поени на мечот (рекорд во историјата на Рокетс, претходно Калвин Марти постигнал 57 поени во 1978), 11 асистенции, 10 скока: двоен-трипл дабл со најмногу поени во историјата на трипл-дабл учиноците во НБА. НЕРЕАЛНО.

Кога Винс Картер заби преку играч висок 2,18 и го смени погледот на кошарката

Авторот на најлегендарното „куцање“ во историјата на кошарката денес полни 41 година, и да, ден-денес игра на највисоко ниво.

Дијалозите меѓу Стеф Кари и Стив Кер како татко и син

Официјалниот фејсбук на НБА објави видео запис од разговорите меѓу тренерот на Голден Стејт Стив Кер и ѕвездата на клубот, Стеф Кари кои биле водени за време на дуелите последните сезони.

Анимираниот филм за Коби Брајант ќе се бори за Оскар

Еден од најголемите кошаркари на сите времиња доби анимиран филм снимен и произведен од врвните мајстори на материјата Глен Кин и Џон Вилијамс. Самиот Коби рецитира во цртаниот филм којшто е маестрален.

Пародија на промоцијата на Алексис Санчез

Извесен Питер Хартли направи трансфер од Блекпул во Мадервел за кој потпиша договор до 2020-та година. Шкотскиот клуб на својот профил на Твитер изгледа има ангажирано човек со добра смисла на хумор.

Лапај си 100.000 долари за кош од пола терен

За време на дербито меѓу паднатите гиганти ЛА Лејкерс и Њујорк Никс, еден гледач по име Суни Стронг , во култниот „Стејплс Центар“ лапна 100.000 долари откако погоди шут од половина терен.

Француско дерби со 3 гола, сите празник за очи

Фудбалерите на ПСЖ по 22 минати кола го загубија вториот меч во првенството и тоа од Лион кој сега е на -8 на втората позиција. Головите кој од кој поубав. Одиме со ред.