А барем салите ги направивте ли?
Додека да ги дочекаме детаљите за трансферот од Сотир кој очекуваме да ги “потврди“ овие вицкасти ликови, да им дадеме основно инфо на помладите за човекот кој после многу проблематични повреди, успеа да стигне до 1.000 настапи во НБА, одиграни за 19 сезони до својата 40-та година од животот.
Хил од 2015-та е еден од косопствениците на Атланта Хокс, а една година претходно на Ол Стар ги водеше ѕвездите во подем меѓу кои беше избран и Перо Антиќ, кој не настапи поради повреда.
Не едно, туку два забивања лице в лице vs Алонзо Морнинг.