Кошарка

Малото дете од Кливленд што направи шоу во НБА

Таварис Џонс има 5 години и им го украде шоуто на Стеф Кари, Леброн Џејмс, Кевин Дурент и Ајзеа Томас за време на мега-дербито Кливленд - Голден Стејт. Џонс денсаше на песната „Ролекс“ од Ајо и Тео и ја освои целата сала.

Дечки вие доручкувани ли сте?

Кошаркарите на Филаделфија синоќа го совладаа Торонто, но во еден од последните напади на мечот изгледаа како да го прават она: „Компир гледам, месо варам“.

Најјакото видео со Шекил О’Нил кое никогаш не старее

Во НБА играше цели 19 години за 6 тима и важи за еден од најдобрите центри кои оваа лига ги видела. Немаше средба а Шек да не направи потег што ќе го одбележи мечот. Така беше и во Орландо и во ЛА Лејкерс и во Мајами и во Феникс.

Леле кршење кичмааааа

Никола Јокиќ од Денвер му игра еден на еден на Дрејмонд Грин од Голден Стејт. Резултатот е: Дечко оди купи ми Малборо црвено и напиј се нешто од мене. Хаким Олајџувон би се гордеел со потегов.

Стив Кер ли е Баба Ванѓа ли е?

„Без Стеф Кари и Клеј Томпсон, Лу Вилијамс ќе ни даде 50 поени“, рекол тренерот на Голден Стејт Стив Кер пред мечот со ЛА Клиперс на кои гостите славеа со 125:106. На крај: Лу Вилијамс погоди 27 шута за вкупно 50 поени а Стив Кер само можеше да се насмевне.

Оториноларингологија

Евролигашките клубови имаат интересни администратори на Твитер. Прво Белграѓаните им пуштиле неколку зборови тешки за изговор, а сега Турците од Анадолу Ефес ги предизвикуваат. Во рамките на 17. коло Анадолу Ефес и Црвена звезда на Перо Антиќ играат во петок од 18:30.

Првата средба на Стив Кер со Мајкл Џордан

Заедно прославија три титули со Чикаго Булс, но првиот пат кога актуелниот тренер на Голден Стејт Вориорс го сретнал најдобриот кошаркар на сите времиња во доаѓање, се исплашил од тоа што го видел.

Владо Илиевски поднесе иницијатива за смена на Пеце Наумовски

Трката за позицијата прв човек на македонската кошарка влезе во нова етапа, откако Владо Илиевски и официјално реши да се кандидира за претседател. Даниел Димовски се откажува од трката?

Ти му викаш оди лево, тој не знае кај е

На еден од некогашните тренинг семинари за млади талентирани кошаркари во Црна Гора, легендарниот Дуле Вујошевиќ се обидува на едно дете да му објасни да оди во лево.

Кари даде 45 поени за 30 минути

Голден Стејт триумфираше над ЛА Клиперс со одлична игра на Стеф Кари кој за 30 минути постигна неверојатни 45 поени (8 тројки).

Гркот води во изборот за Ол-Стар 2018 пред Леброн и Кари

Јанис Адетокумбо од Милвоки Бакс е најсаканиот играч меѓу љубителите на НБА во првите 12 дена од гласањето за стартери на Ол-Стар мечот кој ќе се одигра во Лос Анџелес. Разликата која што Гркот ја направи е до толку голема што може и да остане прв.

Зошто Ајверсон го сметаа за најдрзок играч во НБА?

Го викаа The Answer зошто имаше одговор на секоја противничка одбрана. Техничар како него НБА ретко имала.

Комедија на денот со тренерот на Антиќ

Душан Aлимпијевиќ на само 31 година ја тренира Црвена Звезда и е 4 години помлад од Перо Антиќ. Според возраста може да фати место во игра, така смета и Французинот Матијас Лесор.

Ману Џинобили и кога додава - дава кош

Кошаркарите на Сан Антонио со 100:91 славеа на гостувањето кај Њујорк Никси а моментот на мечот го имаше идниот член на “Куќата на славните“, Аргентинецот Ману Џинобили. Дури тројца судии не видоа дека даде кош, па мораа да се консултираат со видео репетиција.

Антиќ: „Додека е ова раководство не играм за мојата држава“

Речиси ретко кој кошаркар бил толку застапен во регионалните медиуми како што е миленикот и идол на навивачите Перо Антиќ. Нема ден да не се појави на насловните страни.

Маестрални влезови во НБА 2017

Годината со која се поздравуваме донесе врвни потези во најдобрата светска лига. Од Кајри Ирвинг преку Дерик Роуз до Ајзеа Томас, НБА мајсторите со топка правеа чуда.

Мојата кариера не почна со чартер летови, туку со автобусите на ЈСП

Секогаш е оригинален, отворен и никогаш не заборава како почнал. Нема интервју кое не го бои со доза на хумор. Почитуван е секаде, ама и тој знае да почитува, без разлика што има тренер кој е помал од него. За крајот на кариерата вели дека ќе го послуша советот на татко му.

Најлудата победа во НБА сезонава на стотинки до крај

На 0,6 секунди до сирената за крај, резултатот на мечот Феникс - Мемфис беше израмнет 97:97. Толку време им остана на Санси да ја фрлат топката од аут и да пробаат да изведат нешто. Мемфис го постави највисокиот Марк Гасол пред аутот за да штити, но Чендлер и Брендан Рајт смислија нешто.

Како судиите го упропастија божиќното дерби Голден Стејт - Кливленд

Вориорси го победија Кливленд во меч во кој не играа Стеф Кари и Ајзеа Томас поради повреди. Арбитрите направија неколку кардинални грешки.

Виткањето обрач на Перо Антиќ е потег на колото

Откако во Скопје го избраа за најдобар македонски кошаркар на годината, Перо со Црвена звезда кршеше обрачи во Сремски Карловци и го доби признанието за потег на колото во јадранската АБА лига.

Снимката што НБА ѕвезда сака да се тргне од интернет

Откако дојде во Индијана Пејсерс, Виктор Оладипо има во просек по 24,9 поени, 3,9 асистенции и 5,5 скока. Со негов кош во последна секунда Индијана го победи Сан Антонио а Оладипо игра неверојатно. Ама едно дете му покажа дека треба цврсто да стои на земја.

Теодосиќ ја покорува НБА со асистенциите

На мечот против Феникс Санс, кошаркарот на ЛА Клиперс Милош Теодосиќ демонстрираше дел од арсеналот на своите чудесни додавања: без гледање, меѓу нозе на противникот, преку цел терен. Клиперс ги победија Санси 108:95 а Милош имаше 6 поени, 5 скока и 8 асистенции - сите од шоуто „Харлем Глобтротерс“.

Македонија во 2017-та со најголем скок во светот на рангот на ФИФА

Светската куќа на фудбалот ја објави последната ранг листа за оваа година, која за нашите фудбалери е историска во однос на тоа колку позиции успеаа да напреднат со евидентно подобрената игра која даде резултати.