Туристичкиот рај на Дизни каде што ќе се игра НБА лигата

Американската фудбалска лига МЛС веќе ја обнови сезоната во ESPN Wide World of Sports - гигантскиот спортски комплекс на Дизни. Спортот во овој Дизни Свет е испреплетен со ликовите од цртаните филмови: Мики Маус, Доналд Дак и Елза кои секогаш се тука некаде во близина.

За американските топ лиги во сите спортови, ова е совршено место. На 89 хектари се распространети многу спортски објекти: 16 бејзбол терени, 17 игралишта на трева кои во зависност од барањата може да се користат за американски фудбал, за сокер, за хокеј на трева, за лакрос и за други спортови.

Во Дизни Светот има три кошаркарски центри каде што има 16 врвни терени. При рестартот на НБА лигата ќе бидат помалку зошто дел од пространството ќе биде привремена инфраструктура за преноси на натпреварите.

Спортскиот комплекс е дел од огромниот град Walt Disney World кој го отвориле близу Орландо во 1971 година. Таму има дури четири тематски паркови, два аквапарка, 27 стилизирани хотели и уште 9 други хотели.

Ова е најголемиот Дизниленд на светот и официјално најбарана дестинација за одмор на светот - секоја година има повеќе од 50 милиони посетители од кои повеќето доаѓаат по неколку дена.

Ако се гугла за Дизниворлд, благодарение на гугл-панорамата може да се видат и спортски комплекси

СЕ ПОЧНАЛО СО ДИЗНИ МАРАТОН

Дизни го отворил Wide World of Sports Complex (WWSC) во пролетта 1997-ма година. На него се потрошени околу 100 милиони долари.

Иницијатор на овој проект бил поранешниот американски фудбалер Реџи Вилијамс (14 одиграни сезони во НФЛ) кој во 1993-та година бил поставен за потпретседател на секторот за спортски развој во компанијата.

Дизни влегол во спортот уште во 1994-та година кога бил организиран првиот Дизниворлд маратон кој стартува секој јануари. Рекордот таму го држи Леонид Швецов од Русија кој во 1995-та година поставил рекорд кој уште никој не го урнал.

Трчањето е едно од споредните бизнис подрачја на Дизни. Во структурата на оваа компанија е и фирмата-ќерка runDisney чии канцеларии се наоѓаат во Wide World of Sports Complex и кои почнале со работа пола година после вториот маратон на Флорида.

Името на комплексот е поврзано со легендарниот спортски програм Wide World of Sports кој во моментот на отворање на комплексот цели 37 години се давал на каналот ABC (исто припаѓа на семејството Дизни).

На овој канал во '60-те години Американците првпат гледале Вимблдон, решавачки натпревари од NCAA, Гран при на Формула 1 во Монако, карлинг, родео, бадминтон, сурфање и други поспоредни спортови.

Програмата првпат била емитувана во 1961-ва година, а завршила со работа во 1998-ма.

Весникот Times после 10 години ја вклучил оваа емисија на списокот на најгледани американски телевизиски програми.

НБА СЕ РЕШИ ЗА ДИЗНИ ПОРАДИ ГЛОБАЛНАТА ПАНДЕМИЈА

Visa Athletic Center

Во 2006-та година Реџи Вилијамс без да го наведе точниот број на посетители и приходи, рекол дека бизнис показателите покажале дека работата на комплексот во почетокот на 2000-те години лесно ги надминале дури и најоптимистичните планови.

Во јуни 2005-та година Wide World of Sports го посетиле милиони спортисти. Time пишувал дека во 2016-та комплексот примил 285.285 спортисти и дека тој показател ќе порасне за 28% за пет години.

Голем дел од заработката на Wide World of Sports е и од партнерства: Дизни ги продава правата на традиционални турнири и организира нови спортски настани.

Соработуваат и со професионалци: пример повеќе од 20 години (од 1998-ма до 2019-та) година МЛБ клубот Атланта Брејвз секоја година доаѓал таму на припреми и пријателски натпревари на Champions Stadium кој прима 7.500 гледачи. Таму натпревари игра и филијалата на Атланта, а во 2007 и 2008 Тампа Беј Рејс одиграла два домашни меча од МЛБ во овој спортски комплекс.

HP Field House

Не чуди ни што Wide World of Sports сака да соработува и со спектаклот НБА и по доигрувањето на оваа сезона. Овие две организации станале партнери пред почетокот на кризата со коронавирусот: во Светот на Дизни се играло финалето на турнирот Jr. NBA Global Championship за деца од 13-14 години (собир на 32 екипи составени од машки и девојчиња меѓу кои има 8 тима од американски региони и 8 други региони од светот).

Таму се играл и предсезонски турнир за женската НБА.

Од минатиот август во комплексот работи и забавниот центар NBA Experience кој заедно го отвориле Адам Силвер и шефот на Дизни Боб Игер. Овој комплекс се наоѓа на околу 44.000 квадратни метри и го посетуваат деца и возрасни од цел свет.

Дизни сега се соочува со други проблеми зошто Wide World of Sports не работел од 15 март, а Дизни Светот во целост се отворил на 15 јули после цели четири месеци пауза, но со сериозни ограничувања и мерки.

Благодарение на МЛС и НБА комплексот оживеал мошне брзо - клубовите веќе се таму и најголемите НБА ѕвезди веќе се сместени во хотелите. Компанијата Дизни ќе може на работа да врати дури 45.000 соработници кои цела пролет биле на неплатен одмор.

Според груби проценки НБА лигата ќе го плати користењето на комплексот десетина милиони долари.

21 јули 2020 - 11:27