Денвер е во финале, Мареј и Никола Јокиќ го срушија ЛА Клиперс

Со нова луда партија на Џамал Марај и со трипл-дабл учинок на српскиот репрезентативец, Нагетси одново издоминираа против ЛА Клиперс и тоа во решавачката мајсторка. Сега ги чекаат Леброн и Ентони Дејвис.

Денвер Нагетс влезе во историјата откако синоќа повторно надомести 1-3 негатива во плејоф серија. Тимот на Мајкл Мелоун стана прв во историјата кој два пати во плејофот прави тотален пресврт и со 4-3 го елиминира ривалот.

Денвер последен пат ја осетил сладоста на финалето на Западот во 2009-та година исто како и сега против ЛА Лејкерс.

Подгвигот на Денвер е особено голем ако се знае дека дури 5 пати во плејофот годинава губеа со повеќе од 15-16 разлика, па се враќаа и победуваа.

Никола Јокиќ одново издоминира со 16 поени, 22 скока, 13 асистенции и 3 блокади. Џамал Марај уфрли неверојатни 40 поени со 4 скока и 5 асистенции.

Како и на претходнте дуели, ЛА Клиперс играше три четвртини но во последната целосно изгубија контрола и не можеа да погодат буквално ништо. Во прилог на ова оди статистиката на Кавај Ленард и Пол Џорџ: едниот имаше 14 поени со шут 6/22 од игра а Џорџ само 10 поени (4/15 од игра).

Во финалето на Истокот, Мајами Хит после продолженија со 117-114 го совлада Бостон и поведе со 1-0 во серијата

Денвер Нагетс ќе игра против ЛА Лејкерс во финалето на Западот а дуелите почнуваат ноќта меѓу петок и сабота.

16 септември 2020 - 07:43