Двократниот (а некој би рекол и трикратниот) МВП на НБА го заврши мечот со Мајами Хит со 27 поени, 10 скока и 14 асистенции. Го следеа Џамал Мареј со одличен учинок од 26 поени, Гордон со 16, Портер со 14 поени и 13 скока а Браун 10 поени.
Кај гостите од Мајами кои и вториот меч ќе го играат во арената на Денвер, Бам Адебајо уфрли 26 поени со 13 скока и пет асистенции, а Џими Батлер имаше слаба шутерска вечер со само 13 поени.
Jokic finds Green for his 13th assist 🥽
— NBA (@NBA) June 2, 2023
Nuggets lead in the 4Q on ABC! pic.twitter.com/wefjjiiaBK
Joker sees plays before they happen.
— NBA (@NBA) June 2, 2023
12 assists so far in Game 1 on ABC 👀pic.twitter.com/mcAtckEBUJ
Нагетси има дури девет дена одмор откако со „метла“ го исчистија ЛА Лејкерс (4:0), па во меѓувреме чекаа подолго да видат кој ќе им биде ривал во големото финале, дали Бостон дали Мајами кои играа дури до 7 меча.
На крај им се падна Хит со лидерот Џими Батлер.
Очекувано, Денвер влезе многу посвежо во мечот со оглед на тоа што Мајами Хит во изминативе месец ипол дена одигра речиси 17-18 плејоф натпревари со тешки и напорни серии.
Пред преполна арена, Нагетс тргнаа одлично, а во еден период од третата четвртина имаа и највисоки +24 поени предност. Дозволија во еден момент Хит да се врати на -8, но ниту еднаш победникот не беше доведен во прашање.
Никола Јокиќ уште еднаш беше нерешлива енигма за Мајами Хит. Србинот стигна до дури 6 асиснтеции уште пред да го исфрли првиот шут на мечот. На крај имаше 27 поени (8/12 од игра и 10/12 слободни), со 10 скока и 14 асистенции.
Јокиќ имаше и две загубени топки, што би рекол коментаторот на Скај Спорт, чисто да покаже дека и тој е човек а не од друга планета.
Џамал Мареј зема 22 шута а на крајот уфрли 26 поени со 6 скока и 10 асистенции за 44 минути. Гордон од своите 16, дури 12 имаше во првата четвртина кога ги разби Хит, а Мајкл Портер Џр имаше дабл-дабл со 14 поени и 12 скока (со лош учинок од 2/11 за три поени). За пофалба е и Брус Браун со 10 поени, 5 скока и 2 асистенции како играч од клупата.
Мајами Хит имаше бледа шутерска вечер со слаб процент од далечина: 13 погодени тројки од дури 39 обиди во четвртиот период. Единствено Бам Адебајо беше расположен за игра кај „жешките“ и со 26 поени, 13 скока и 5 асистенции покажа дека ќе му биде предизвик на Јокиќ во серијава.
Гејб Винсент уфрли 19 поени (5/10 за три) а Хејвуд Хајсмит 18 поени (7/10 за три). Џими Батлер не беше на своето ниво и со само 13 поени, плус по 7 скока и асистенции ја имаше најслабата партија во плејофот.
За разлика од последниот решавачки меч во Бостон кога го одигра мечот на кариерата, Калеб Мартин вечерва имаше 1/7 од игра и мизерни 3 поени за 25 минути на паркетот. Макс Струс не погоди ниту еден од дури 10 обиди од кои 0/9 од далечина. Данкан Робинсон исто имаше очаен настап со 1/5 за три. Тројцата главни шутери на Хит беа далеку од својот ритам.
Од клупата малку ги помогна Кајл Лоури со 11 поени, 5 скока и 5 асистенции.