Тренерот на Лејкерс за Јокиќ

Лос Анџелес Лејкерс постојано како да го има Денвер Нагетс, успева да води во текот на секој нивен меѓусебен дуел кој е резултатски тесен, но на крајот секогаш претрпува пораз. Барем така е на последните 10 меча кои ги доби шампионот Денвер. Така беше и синоќа на вториот меч од серијата во разигрувањето кога Нагетс славеа 101:99 со кош на Мареј во последна секунда.

Тренерот на ЛА Лејкерс Дарвин Хем, после мечот одговараше на новинарски прашања, а за одбраната врз Никола Јокиќ кој постигна луд трипл-дабл со 27 поени, 20 скока и 10 асистенции рекол:

„Тој стана многу ефикасен. Кога е главен во нападот, знае да ве убие на разни начини. Морате да вршите постојан притисок на него, а тоа нему како да не му ни смета. Повисок од останатите, има огромен распон на раце, умешност... Срање. Не знам што да направам. Мора да бидете што повеќе дисциплинирани, не смеете да паднете. Тој е единствен во генерацијата, морате да се борите до крај“, рекол Хем чиј тим сега ќе има два меча во својата „Крипто Арена“ во Лос Анџелес.

Денвер Нагетс води 2-0 во серијата.

*******************************************************

Како Јокиќ го спакува Дејвис еден на еден

Херојски кош на Мареј со звукот на сирената, од -20 им се вратија

„50 години сум во кошарка, сум се нагледал сè ама вакво нешто не“

Јокиќ сними реклама за цртан филм па дојде така облечен

 

23 април 2024 - 10:05