Во 90-тите игравме една страшно популрна аркадна кошаркарска видео игра. Кој е генерација со диносаурисите, сигурно ја памти. Се викаше Street Hoop и се играше кошарка три на три, а во позадина одеше лудо добар фанк и џез рап. Играта имаше еден неверојатно возбудлив елемент т.н. Super Shot, еден вид протокомбо, кога наместо обичен шут или закуцување, играчот има можност или за тотално надрелен slam dank или за далекуметна непогрешлива тројка која го опжарува обрачот. Па ако ги гледавте првите два натпревари од финалните серии по конференции, меѓу Вориорси и Хјустон/Атланта – Кливленд, не можете поинаку да си ja објасните леснотијата на погодувањето тројки на Џер Ар Смит и Стев Кари, освен дека Super Shot комбото од Street Hoop стварно постои. Инкарнирано во, чиниш кореографското, шутерско палење на мрежичките од страна на Смит и Кари :).
Шегата настрана, да сумираме малку што видовме на тактички и севкупен играчки план. Вориорси го добија првиот меч пред пеколниот Оракал со 110 – 106, навидум лесно, меѓутоа Брадата Харден се покажа повеќе од непријатен за солидната одбрана на Вориорси. Дотолку полошо, што во еден момент во втората четвртина, тимот од Оукланд заостануваше цели 16 поени. Во тој момент Стив Кер го вади татктичкиот џокер – супер ниската петорка. На терен, на прв поглед, сосема кошаркарски нелогично, на екипа која има доминатни low post играчи, им спротиставуваш петмина каде плејмејкерот е највисокиот играч. На позиција еден, Шон Ливингстон со 203см, на два Кари со одвај 190см, три е Клеј со 200см, на 4 брани Харисон Барнс со 202см, а петка е Дрејмон Грин со едвај 2 метри висина. Оваа small ball петорка со скоро совршен pace and space, во која секој е stretch – играч, не само што ја врати огромната негатива, не само што комплетно ги надигра, не само што на полувреме се замина дури со предност, туку беше поставен моментумот на натпреварот и психолошката самодоверба која до крај воопшто не беше испуштена. Зошто реков навидум нелогично!? Оваа ниска петорка носи со себе ризици, меѓутоа има огромни предности. Како прво, дефанзивно. Кога имаш 5 играчи со приближно иста висна, тогаш можеш да си дозволиш еден вид match-up zone каде и cross screen – овите и pick and roll – от го браниш со switching (на нашки; преземање). На овој начин, small ball – от овозможува бранење на pick-вите на Харден со “излегување” бидејќи чуварите на 4-ката и 5-ката (во случајот Грин и Барнс) имаат солидни и брзи латерални движења, неопходни за затварање и излегување. Потоа, дефанзивните ротации, удвојувањата, полнењето на рекетот и сл. се многу понавремени бидејќи имаш играчи кои се движат побрзо од традиционалните 7-футери во рекет.
Од друга страна, офанзивно, оваа петорка може да повлече и воспостави темпо на транзициска игра и можности за секундарни контра напади многу побргу и поефективно од петорка со тешка четворка и бавен 7-футер како Богот. Потоа, секој со скок освојува топка, може да извлече и така не се губи драгоцената секуда во барањето на плејмејкерот. А покрај одличниот pace, она уште поважното што нивниот small ball има таков убиствен spacing бидејќи, освен Ливингстон, нема некој во таа петорка кој не е константа опасност за три. Поточно, кој не е стречер. А ако плејмејкерот Ливингстон се замени со Игудала, добивате петорка со 5 опасни шутери за 3. Овој тактички потег на Кер ги порази Хјустон кои воопшто не се прилагодија, ниту со паметно спуштање на топката за да ја скористат дефицитарноста во висина, ниту со слична ниска постава. Можеби без повредата на Хауард ќе беше поинаку, но знаејќи ја неговата трапавост и мал кошаркарски IQ, не верувам дека и тој нешто посебни ќе направеше. Хјустон има два учинковити офанзивни сета. Првиот, страничен pick and roll на 5 (Хауард) за 4 (Смит) со низа излезни варијации и изолациите за Харден. Второто, дај му ја топката на Харден и рашири, не верувам дека е доволно да се победи. Па макар Харден дал и 50 поени. При изолациите, нема утрчување, другите четворица се пасивни и скоро цела петорка на одбраната е фокусирана на изолацијата на Харден. Првата ги погоди тешките степ бек шутеви, но тоа е се, само не рецепт за успех.
Второто финале во Атланта донесе уште еден шутерско Super Shot комбо на Џеј Ар Смит. Ганстерот погоди 8 од 12 обиди за тројка, од кои повеќето со цела шака предочи, дел преку рака, а дел предизвикан со добра одбрана. Но, Џеј Ар влезе во посебно искуство на спортската свесност кое стручно се нарекува 'In the Zone'. Не тресам, ова е легитимен феномен во психологијата на оптималните искуства, а подразбира чувство дека и патики да почнеш да фрлаш, и тие ќе влезат низ обрач :). Леброн, според мојот вкус премалку го потеше газот на низок пост и си ја играше неговата бековска самозамислена игра, но овој пат имаше среќа и погоди некој клучни шутеви само поради лошата дефазива на Милсап кој сосема непотребно му се лепеше на пола терен и беше исфрлан од игра уште на прв чекор. Атланта веројатно го изгуби Керол, а Табо не игра уште од тепачката по клубови заедно со Перо и полицијата, па оттука дефанзивните можности за бранење на Леброн се уште поскудни. Гледајќи го Леброн, понекогаш, како се опоравува од повреда или незгоден доскок, гледајќи ја неговата чиста мускулна маса, си мислам дека може да игра и со скршена нога. Од друга страна, Коуч Мајк доживеа жолта минута во трета четвртина кога некој ја отвори вратата во салата и од силната промаја % на реализација падна неверојатно ниско, по што шансите за победа на солидниот Кливленд беа речиси никакви. Очекуваме нови натпревари со нови прилагодби, но не сум оптимист дека Атланта ќе добијат една утакмица во серијава.
Вечер од три, нов наптевар во Оукланд. Нови искушенија, а за нас нови ќеифови :).