Супер партија на Нено Димитријевиќ, го водеше Баерн Минхен до триумф над шампионот

Пред 11.000 гледачи Баерн Минхен на Светислав Пешиќ го победи актуелниот европски шампион Фенербахче 85-76 во првиот натпревар од 35. коло во Евролига. Во супер модерната „САП Гарден“ сала во Минхен, македонскиот репрезентативец Нено Димиријевиќ беше најефикасен стрелец со 22 поени а имаше и еден скок и три асистенции. Кај Фенербахче прв стрелец беше Тарик Биберовиќ со 21 поен и по три скока и асистенции.

 

2 април 2026 - 09:44