14 јуни, 1998 година
Чикаго води со 3:2 против Јута Џез во финалната серија на НБА плејофот. Никогаш претходно Чикаго не дозволи да се одигра седми натпревар во финалето и сите претходни пет титули ги освоија на шестиот натпревар, но овој шести финален натпревар не тргна како што очекуваа. Скоти Пипен ја обнови повредата и Чикаго мораше да се потпре само на Џордан.
На 40 секунди до крајот, Џон Стоктон погоди тројка за водство на Јута од 86:83. Мајкл Џордан веднаш возрати со два поени за 86:85 и во следниот напад му ја украде топката на Карл Мелоун по додавањето од Стоктон.
Мајкл Џордан тргна во напад, а против себе го имаше еден од најдобрите дефанзивци, Брајон Расел. Џордан се ослободи од Расел и постигна нови поени за 86:87 на пет секунди до крајот. Во следниот напад Стоктон промаши тројка и Чикаго Булс ја освоија шестата титула во последните осум години.
Мајкл Џордан на тој натпревар постигна 45 поени, а последните се веројатно неговите најважни во кариерата. Фотографијата од тој последен шут на Мајкл Џордан е избрана за најдобра спортска фотографија.
Погледнете ја целата галерија тука.