
Имаше Оклахома Сити Тандер дури 15 поени предност на 9 минути пред крајот но Индијана Пејсерс практично ја украде победата.
Триумф на Индијана Пејсерс ѝ донесе чудесниот Тајрис Халибуртон со кош во последната секунда од натпреварот.
Претходно МВП на НБА лигата Шеј Гилџес-Александар имаше шут за победа при 110:109 но промаши. Халибуртон ја зема топката и на 0,3 секунди пре крајот со тежок скок-шут ја замрзна целата сала! Тоа беше верувале или не прво водство на Пејсерс на мечот и тоа за победа.
WHAT THE HALIBURTON AGAIN 😱
— ESPN (@espn) June 6, 2025
TYRESE WINS GAME 1 OF THE NBA FINALS FOR THE PACERS 🔥 pic.twitter.com/TLv6OtQyWV
На овој начин Индијана Пејсерс направи уште едно чудо - по којзнае кој пат се враќа после негатива од -15, -20 поени и на крај слави победа.
Сега е 1-0 во серијата а следниот натпрвар повторно ќе се игра во Оклахома.
Екипата предводена од Рик Карлајл одигра тимски подобар натпревар па во завршната статистика на крај се гледа дека имале 24 асистенции наспроти 13 на „громовите“ и исто 17 скока повеќе од Оклахома Сити Тандер.
Паскал Сијакам беше најефикасен со 19 поени, 17 додаде Оби Топин,а одличниот Мајл Тарнер запиша 15 поени. По 14 уфрлија Ендрју Нембхард и Тајрис Халибуртон.
Кај домаќинот, Шеј Гилџес-Александар одново беше движечка сила на екипата и уфрли дури 38 поени. Втор стрелец беше Џејлен Вилијамс со 17 поени.
Следниот натпревар е во понеделник од 2 часот наутро по наше време.
Интересно Оклахома Сити Тандер е втор пат во големо НБА финале по она во 2012 а Индијана Пејсерс играше финале во далечната 2000-та. Ниту еден тим никогаш не освоил НБА прстен.