Грчкиот претставник по поразот во минатото коло од Каја Лаборал, стигна до триумф пред своите навивачи над Бешикташ со 77:64. Олимпијакос постојано го диктираше темпото на натпреварот и остваруваше солидна предност во сите четири периоди.
Нашиот репрезентативец Перо Антиќ за 20 одиграни минути успеа да даде само 7 коша, а најефикасни во победничкиата екипа беа Василис со 18 и Георгиос со 14 поени. Кај поразениот Бешикташ најмногу поени постигна Даниел Евинг, вкупно 15.
Иако одигра квалитетен меч, Лестер Бо Мекејлеб не успеа да му помогне на Фенербахче да стигне до триумф на мечот против неговиот поранешен клуб Монтепаски Сиена. Турскиот претставник со тоа го загуби и вториот меч во оваа фаза со резултат 92:98, но овој пат на домашен терен.
Натпреварот беше неизвесен во поголемиот дел од мечот, а домаќините на пауза заминаа со водство од 51:45. Поразот за Бешикташ беше пресуден во последната четвртина кога Италијанците направија предност 29:19, а на пет минути пред крајот резултатот беше израмнет.
Македонскиот плејмејкер одигра 29 минути и оствари учинок од 17 поени, три асистенции и три скока, а неговиот колега Богдановиќ беше најпрецизен во тимот со 31 кош. Играч на мечот беше Боби Браун кој со 41 поен беше најзаслужен за триумфот на гостите.
Американскиот кошаркар со тоа го израмни рекордот со единствените тројца кошаркари кои до сега успеале да постигнат по 41 поен во ова натпреварување. Последен пат тоа му успеа на Каспарс Камбала за тимот на Ефес Пилсен пред 10 години.
Третото коло нашите единствени претставници во најелитното клупско кошаркарско натпреварување ги играат на 10 и 11 јануари. Фенербахче му гостува на Макаби, а Олимпијакос на Барселона.