Панатинаикос и Ефес ќе решаваат во Атина, Барса и Монако во Франција

Четвртите натпревари од серијата меѓу Анадолу Ефес и Панатинаикос и Барселона и Монако донесоа најинтересен баскет досега. Во две неизвесни завршници славеа домаќините носени од своите навивачи и се изборија за мајсторки, но на гости.

ЕФЕС - ПАО 85:82 (2-2)

Олимпијакос и Фенербахче се сигурни учесници на Фајнал Форот а кои ќе им бидат противници таму ќе се дознае следниот вторник подоцна вечерта кога ќе има епилог од мајсторките во Атина и Монако.

За нив се изборија Ефес кој го совлада ПАО носен од сјајниот Елајџа Брајант кој уфрли 19 поени со четири скока а добро го следеше Роланд Шмит со 15 поени. Одлична ноќ имаше и Ерџан Османи со 14 поени и два скока а Шејн Ларкин уфрли 9 поени со четири скока и девет асистенции.

Кај гостите чиј тренер Атаман нервозен и лут поради некои судиски одлуки предвреме го напушти теренот, Чеди Осман имаше 22 поени, три скока и две асистенции, а Хуанчо Ернангомез уфрли 15 поени, седум скока и три асистенции. Костас Слукас стигна до 14 поени, три скока и шест асистенции а Кендрик Нан 12 поени, три скока и две асистенции.

Натпреварот беше израмнет до самиот финиш а го реши Елајџа Брајант со тројка во последната минута за 77:73. 

БАРСЕЛОНА - МОНАКО 79:72 (2-2)

Барса успеа да се крене по големата предност на тимот од кнежевството кој имаше 0-2 во триумфи и сега серијата ќе оди во мајсторка каде ќе се решава патникот на Фајнал Фор во Абу Даби.

Барселона до победа ја носеше Џабари Паркер со 22 поени и два скока, а Дарио Брисуела му беше верна сенка со 17 поени. Кевин Пантер, некогашниот капитен на Партизан имаше скромен учинок со 11 поени, три скока и две асистенции.

Кај Монако Мајк Џејмс постигна 16 поени, имаше и четири скока и пет асистенции. Двоцифрени беа уште и Алфа Диало со 13 поени, пет скока и две асистенции како и Метју Стразел со 10 поени и четири асистенции.

Во вторник ќе се игра петтиот, решавачки натпревар од оваа серија.

3 мај 2025 - 08:05