Оваа ни Јокиќ не може да ја чува

Има 18 години, а висока е меѓу 220 и 226 см. Што да се објаснува повеќе.

Запознајте ја Џанг Зију и ако ви треба човек за баскет, како што напиша Јокиќ на времето на Фејсбук, не ја барајте нејзе, бидејќи нема топка да фатите.

Зију има само 18 години и според различни извори е висока 220 или 226 см.

Дебитираше за сениорската репрезентација на Кина против БиХ со резултат кој кажува сè. 101:55 за Кина.

Ултра доминантната кошаркарка на која не и треба да скокне под кош за да си поигрува со тие што ја чуваат, постигна 18 поени и 7 скока за само 13 минута игра и заврши како најефикасна на мечот.

Од нејзиниот настап беше импресионирана и Хан Сју, соиграчка од репрезентацијата висока 211 см, која по натпреварот изјави: 

„Ова е прв пат да игра на меѓународен натпревар како член на сениорскиот тим. Нејзиниот настап нè импресионираше. Се надевам дека ќе играм со неа повеќе“, рече Сју.

24 јуни 2025 - 14:31