Нов врвен трипл-дабл и магична асистенција на Никола Јокиќ

Еден од најдобрите играчи на светот, Никола Јокиќ се врати после 11 дена одмор по незгодните повреди кои ги имаше на зглобот и едното раме и веднаш запиша нов спектакуларен трипл-дабл со 39 поени, 10 скока и 10 асистенции. Токму една од асистенциите беше врвна.

Денвер Нагетс го совлада Миловки Бакс кој играше без Адетокумбо и Лилард 127:117, а Никола Јокиќ се врати на паркетите после 5 пропуштени натпревари и веднаш покажа зошто е кандидат бр. 1 за МВП признанието и сезонава.

Го запиша 30-от трипл-дабл сезонава!

Србинот шутираше 16/25 од игра, 3/6 за три и 4/7 од линијата за слободни фрлања со што беше најефикасен кошаркар на мечот.

 

Одличен настап во победничкиот состав имаше и Мајкл Портер Џуниор со 23 поени, 10 скока и четири асистенции. Стандардно сјаен беше младиот Кристијан Браун со 19 поени, 10 скока и шест асистенции, а Џамал Мареј уфрли 17 поени, шест асистенции и четири скока.

Милвоки Бакс беше без своите најдобри играчи Јанис Адетокумбо и Дамијан Лилард. Кај нив најефикасен беше Брук Лопез со 26 поени, 7 скока и 3 асистенции.

Денвер Нагетс уште од старт покажа дека е намерачен да забележи важен триум па во првиот период уфрли дури 38 поени преку 7 тројки.

Тимот предводен од Мајкл Мелоун сега е трет на Западот со учинок 46-28 а Милвоки е шести на Исток со 40-32.

27 март 2025 - 08:31