Никој никогаш во историјата на НБА како Јокиќ и Мареј

Кошаркарите на Денвер Нагетс покажаа реакција по горчливиот пораз на свој терен и сега на гости во Мајами го совладаа ривалот, направија рибрејк и водат со 2-1 во финалето. Неколку рекорди поставија Никола Јокиќ и Џамал Мареј кои играат чудесна кошарка.

Никола Јокиќ стана прв играч во историјата на НБА кој во едно финале на НБА има повеќе од 30+ поени, повеќе од 10+ асистенции и 20+ скока. Тој во победата над Мајами од 109:94 (24:24, 24:29, 20:29, 26:27) имаше 32 поени, 21 скок и 10 асистенции!

Јокиќ веќе има три такви трипл-дабл учиноци во плејофот (во 2021 против Феникс и годинава исто против Лос Анџелес Лејкерс). Сомборецот во овој плејоф сезонава има три пати повеќе трипл-дабл учиноци отколку цела лига заедно. 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by NBA on ESPN (@nbaonespn)

Капитенот на Србија стана и само трет играч во последните 25 години во НБА кој за време на првото полувреме успеал да забележи најмалку 10 поени, 10 скока и 5 асистенции. Пред него тоа им тргнало од рака само на Леброн Џејмс и Тим Данкан.

Со неговиот соиграч Џамал Мареј со кого го сочинуваат сега веќе и официјално еден од најдобрите тандеми во историјата на НБА, станаа прв тандем, прв пар во историјата со трипл-дабл учиноци со 30+ поени на еден ист натпревар без разлика дали е од регуларна сезона или од плејоф доигрување:

Мајами синоќа беше спортска престолнина на светот. Лионел Меси отворено потврди дека за следна дестинација во кариерата го одбрал локалниот Интер Мајами чиј претседател е Дејвид Бекам. Во финалето на Купот Стенли се игра третиот натпревар, на домашната арена Флорида Пантерс играле против Лас Вегас Голден Најтс. 

А Мајами Хит во финалето на НБА го пречекува тимот од Колорадо.

Откако израмнија 1-1 во Денвер, Батлер, Адебајо и екипата изгубија на домашен паркет и сега Нагетс води 1-2.

Тренерот на екипата од Колорадо, Мајкл Мелоун бил до толку лут после домашниот пораз што во претходните два дена играчите изгледале дури 18 видеа. На Мелоун не му се допаднал пристапот и малодушноста во големо финале.

„Нè згмечија во борба. Не мораа ни да шутираат тројки“, огорчен бил после поразот тренерот на Мајами Хит Ерик Сполстра.

Ако минатиот меч имаше за себе нетипични 4 асистенции, Никола Јокиќ синоќа играше како на тренинг и подели дури 21 асистенции што е незамисливо и за ревијален меч а камоли за големо НБА финале. Србинот имаше дури 7 асистенции уште во првиот дел. За споредба сите плејмејкери од стартната петорка на Мајами: Батлер, Адебајо и Винсент во тој момент имале само 1 асистенции.

Мајами Хит, а посебно Џими Батлер играше многу чудно синоќа. Во првиот дел имаше дури 16 обиди, а во вториот како да се заколнал дека брзо ќе напаѓа па ги тормозеше нападите обидувајќи се да ги разигрува соиграчите дури и кога не можеа ни сакаа. Резултатот на ова е ужасен: напад од кратка дистанца: само 23 од 57 обиди на Мајами. 

Денвер Нагетс играше поцврсто под кошот, му остави слобода на противникот надвор од лакот а Хит делуваше како да ги заборавил обрачите во својата сопствена Арена.

Синоќа од прв редови во „Касеја Арена“ доминацијата на Никола Јокиќ и Џамал Мареј ја гледале и Нејмар, Шакира, Пол Погба и Џ. Кол).

Рецептот на Сполстра од првиот меч овојпат беше тотална утка. Кевин Лав од старт, акцент на одбрана на Мареј а не на Јокиќ, Батлер со топка што повеќе не му успеа како во Колорадо и не го изненади тренерот на Нагетс, Мелоун.

Од друга страна Мелоун спреми право изненадување! 22-годишниот Кристијан Браун кој е руки и резервист, не е познат ниту како снајпер, ниту плејмејкер, ниту разбивач и добар дефанзивец но е најдисциплиниран во цела екипа. Синоќа тој беше клучот на успехот со 15 поени најефикасен после Јокиќ и Мареј и со голема концентрација во одбраната.

Кристијан Браун минатата пролет славеше со Универзитетот Канзас шампионска титула во NCAA и сега две победи го делат од уникатно достигнување: титули во НБА и NCAA во една иста сезона.

Хит исто има уникат. Јудонис Хаслем со 43 години стана најстариот играч во историјата на НБА финалиња.

После три меча финалистите си го најдоа имиџот кон кој се стремат. Денвер Нагетс сака да влезе во НБА елитата, да биде почитуван и ценет од навивачите и новинарите, да победи благодарение на суперѕвезди. Двајца играчи со трипл-дабл учиноци во еден меч го потврдуваат ова.

Мајами Хит од друга страна сака да го потврди статусот на тврда, борбена екипа која не се предава и која игра „одвратна и грда“ кошарка, како што сам изјави Бам Адебајо после вториот меч.

Неверојатна партија на Јокиќ и Мареј, Денвер води во големото финале на НБА!

8 јуни 2023 - 09:05