Никола Јокиќ одигра спектакуларен меч на Флорида, пред околу 20.000 противнички навивачи во Мајами каде Нагетс славеше важна победа.
Капитенот на српската репрезентација стана првиот кошаркар во историјата на НБА кој во еден меч од големото финале имал 30+ поени, 20+ скока и 10+ асистенции. Никој никогаш пред него не успеал во тоа!
Лидерот на Денвер го заврши мечот со 32 поени, 21 скок и 10 асистенции, а страшна партија пружи и неговиот ортак Џамал Мареј кој имаше исто трипл-дабл учинок со 34 поени 10 скока и 10 асистенции.
Nikola Jokic (32 PTS, 21 REB, 10 AST) continues his remarkable run as Denver wins Game 3 on the road!
— NBA (@NBA) June 8, 2023
The first player in Finals history to record 30+ PTS, 20+ REB, and 10+ AST in a game 🤯
Game 4: Friday, 8:30 PM ET on ABC pic.twitter.com/OJC8HvBzJC
Клучот на победата го имаше и „руки“ резервистот Кристијан Браун кој изненади со 15 поени и шут 7/8 од игра.
Кај поразениот Мајами кој игра бескрајни серии од почетокот на плејофот, Џими Батлер уфрли 28 поени а Бам Адебајо имаше 22 поени со 17 скока и три асистенции.
Четвртиот меч се игра меѓу петок и сабота во 02:30 часот а домаќин пак ќе биде Мајами Хит.