Најинтересните моменти од шоуто во Љубљана меѓу Дончиќ и Јокиќ

Најголемите балкански ѕвезди во НБА лигата и на пријателски натпревар блеснаа како подготовка за престојното Европско. Словенија беше подобра од Србија дури во продолженијата.

Пријателската се одигра во легендарната сала Стожице во Љубљана, која беше претесна да ги прими сите заинтересирани, кои имаат ретка можност да ги гледаат во репрезентативна битка Лука Дончиќ и Никола Јокиќ.

Словенија славеше со 97:91 и тоа во продолженијата, откако во регуларните дел беше 86:86.

Најдобар на паркетот беше Дончиќ со 34 поени, 9 асистенции и 6 скока, кој се истакна со неколку атракции, а на ниво одигра и Јокиќ кој оствари учинок од 26 поени и 12 скокови.

И покрај тоа што се работеше за пријателска средба пред ЕП кое стартува на 1 септември, сепак беше доста неизвесна со многу интензитет.

Во првите редови седеше Новак Ѓоковиќ кој имаше пријателски поздрав со Дончиќ.

 

18 август 2022 - 08:56