Луда асистенција на Дончиќ каква што НБА нема видено сезонава

Само два дена откако растури на гостувањето против Бруклин каде му скандираа „МВП“, словенечкиот кошаркарски ас држеше гостински час по кошарка и во Њујорк. Асистенцијата според некои веќе треба да се прогласи за број 1 за оваа сезона.

Лука Дончиќ едноставно ја маѓепса Медисон Сквер Гарден арената и ја изрежира веројатно најмангупската асистенција сезонава по која гори Твитерот.

Далас славеше против Њујорк Никс со 122:110, а Лука блесна со 39 поени, 8 скока, 11 асистенци и 4 украдени топки. Постигна и 7 тројки.

Фантастичниот просек сезонава го подигна на 34,6 поени, 9,4 асистенции и 8,8 скока по натпревар.

Додавањето до Двајт Пауел едноставно му беше нешто посебно.

Дончиќ одновно блесна, а навивачите на Бруклин му скандираа „МВП“

9 февруари 2024 - 08:57