Лејкерс без двајца најважни играчи ќе го започне доигрувањето

Доигрувањето за титулата на ЛА Лејкерс речиси сигурно ќе почне без двајца клучни играчи: Лука Дончиќ и Остин Ривс. Најголемо прашање кај „езерџиите“ сега е кога Лука ќе се врати на терен.

Според последните информации Дончиќ би требало да се врати во Лос Анџелес од Шпанија каде помина неколкудневна интензицна терапија поради повредата на задната ложа а планира да направи и дополнителни прегледи после кои ќе се знае кога ќе и помогне на екипата.

Лејкерс во првата рунда од доигрувањето ќе игра против Хјустон Рокетс а почетокот на таа серија (од 18-ти април) сигурно ќе го пропушти и одличниот Остин Ривс.

„Жолто-виолетовите“ завршија на четврто место на Западот со 53 победи и 29 порази па ќе имаат предност домашен терен против Хјустон Рокетс но без двајцата главни бекови поради што сега „ракетите“ се големи фаворити.

14 април 2026 - 10:09