Со две тројки по ред во самиот финиш, токму Јокиќ беше најзаслужен што Денвер Нагетс на свој паркет славеше 113:111 и отиде во финале.
За тоа каква серија и воопшто плејоф игра капитенот на српската репрезентација, говори и фактот што Леброн Џејмс, кој ретко фали или критикува противнички играчи, синоќа после поразот во кој самиот постигна страшни 40 поени со 10 скока и 9 асистенции рекол:
„Кога имаш играч каков што е Јокиќ, кој е толку висок како него, но и интелегентен како него, не смееш да правиш многу грешки. Дури и кога го чуваш во еден од најдобрите поседи во кои мислиш дека го пазиш, тој наеднаш ја фрла топката зад својата глава во стилот на Лери Бирд и шутира со лук од 15 метри и топката влегува во кош, што направи четири или пет пати во серијава. Тогаш само ми останува да му спуштам капа“, изјави еден од најголемите на сите времиња и со гест со капата навистина симболично му спушти капа.
На новинарски прашања што Лејкерс научиле од српскиот центар во серијава, Леброн вели:
„Ништо. Знам колку е голем. Знам колку е Џокер голем. Некои играчи во лигата играат на одреден начин. Начин на кој и јас сакам исто да играм. Он е еден од нив. Јокиќ го гледа потегот пред да се случи. А нема многу такви кошаркари во лигата. Знаевме дека е ѕвер и пред серијата да започне.
Сите се вовлечени во неговата статистика, но мислам дека доста луѓе не зборуваат за менталниот дел од неговата игра. Можеби за тоа не се зборува, зошто многумина и не го разбираат тоа. Но јас го разбирам. Да, тој (Јокиќ) е посебен“.
Леброн Џејмс најави и веројатно заминување во пензија по крајот на оваа сезона.
******************************************************************
Денвер ги збриша Лејкерси за историско финале, нов трипл дабл на Јокиќ и МВП награда