Крај на една ера - На Јокиќ му заминува Мареј, ама му доаѓа пеколен играч

Никола Јокиќ и следната сезона ќе игра за Денвер Нагетс но се очекува тандемот со него повеќе да не го сочинува Џамал Мареј, туку во Колорадо да пристигне друга ѕверка.

Според пишувањата на видни и добро информирани инсајдери во НБА лигата, на повидок е голема трампа меѓу Денвер Нагетс и Бостон Селтикс.

Тимот од Колорадо би останал без Џамал Мареј и без одличниот Кам Џонсон а во спротивен правец кон Денвер од Бостон би дошле ол-стар бекот и суперѕвезда Џејлен Браун и крилото Сем Хаузер.

По крајот од минатата сезона, богатиот сопственик на Денвер Нагетс Џош Кренке соопшти дека само Никола Јокиќ во Денвер не е на продажба и дека сите други може да заминат ако за нив стигнат соодветни понуди.

Тука се мислеше и на Џамал Мареј кој од 2017-та е во Денвер Нагетс и го сочинува тандемот со Никола Јокиќ. Во 2023-та ја освоија шампионската титула, прва во историјата на Денвер Нагетс.

Џамал Мареј имаше одлична регуларна сезона но повторно падна драстично во форма во доигрувањето за титулата како што прави со години па во Денвер сметаат дека е крајно време нешто да се менува.

Ако Нагетс го доведат Џајлен Браун кој е со сигурност еден од најдобрите бекови во лигата (минатата сезона во просек имаше 28,7 поени, 6,9 скока и 5,1 асистенција), тоа значи дека Денвер пак ќе има конкурентна екипа за титула.

29 јуни 2026 - 10:58