Панатинаикос ќе се обиде во 4. меч да го сочува домашниот терен и со победа да ја исфрли Валенсија и да отиде на Фајнал Фор.
Но ќе им биде тешко зошто екипата на Педро Мартинез игра одлична кошарка речиси цела сезона. Синоќа двајцата тренери Ергин Атаман и Педро Мартинез влегоа во клинч па беа исклучени.
Атаман се бунеше за чист фаул врз негов играч кој не бил досуден:
Ergin Ataman ile Pedro Martinez arasında gerilimin arttığı anlar:pic.twitter.com/6Uoso9DeLl https://t.co/o8TFZrY1Y8
— Eurohoops Türkiye (@EurohoopsTR) May 6, 2026
„Горчеливо слатко, слатко зошто победивме и горко зошто бев исклучен. Уморни бевме зошто на двата натпревари на Валенсија, Атаман, мајстор за да контролира ситуација, присили две технички грешки за него кога го контролиравме натпреварот и игравме добро и судиите почнаа да ги менуваат нивните одлуки.
Им реков на судиите дека не е во ред и дека треба фер да биде. Тој полуде и двајцата бевме исклучени.
Мислам дека тие (судиите) пробаа да смират страсти. Двајцата истапивме надвор од тренерските зони а тој веќе доби техничка грешка а тие одлучија да ги исклучат двајцата тренери. Немам ништо против судиите, само не сакав тој (Атаман) пак да влијае врз играта, на начин на кој ги испровоцира техничките грешки во првиот и вториот натпревар. Тоа е тоа. Сега е време за одмор и да се спремиме за следната“, изјавил 64-годишниот тренер на Валенсија.
Валенсија до победа во Атина на 3. дуел од серијата ја водеа лидерот Жан Монтеро со 16 поени и 9 асистенции, Бранку Бадио со 16 поени, 6 скока и 4 асистенции и Камерон Тејлор со 14 поени. Кај Панатинаикос најефикасен беше Ти Џеј Шортс со 17 поени и 6 асистенции, Никос Рогавопулос со 16 поени и по 4 скока и асистенции и Најџел Хајс-Дејвис со 15 поени и 5 скока.
Следниот натпревар ПАО - Валенсија е во петок од 20:15 кога грчкиот состав ќе има нова меч топка да обезбеди Фајнал Фор кој се игра во Атина во нивната сала.