Колку пари годишно заработуваат најскапо платените кошаркари во Евролига?

Најскапо платен кошаркар во Евролига и натаму е Србинот Василије Мициќ кој заработува околу 5,6 милиони евра годишно во рамки на својот 3-годишен договор со израелски Хапоел Тел Авив. Тој годинава ќе влезе во втората година од договорот кој важи до 2028.

Втор најскапо платен е Најџел-Хејс Дејвис од Панатинаикос кој на средина од сезоната 2025/2026 потпиша договор со крај на 2028-ма година вреден околу 10 милиони долари на две ипол години што значи дека тој заработува околу 3,5 милиони евра годишно.

Меѓу Топ 10 најскапо платени кошаркари во Европа се уште и Кендрик Нан (Американецот во 2025-та потпиша нов договор со Панатинаикос кој во тоа време го направи најскапо платен играч во Европа). Нан заработува околу 4,5 милиони евра годишно односно приближно 13,5 милиони евра вкупно за 3 години.

Новото засилување на Панатинаикос, Французинот Жерсон Јабуселе ќе добива плата над 4 милиони евра годишно и тој е четврти најскапо платен кошаркар во Евролига по Мициќ, Хејс-Дејвис и Кендрик Нан. Ако Јабуселе одработи 3 години ќе заработи околу 12 милиони евра што е негов најбогат договор во кариерата.

Саша Везенков, по многумина најдобриот кошаркар во Евролига, европски првак со Олимпијакос, кој во 2024-та година се врати во Грција по НБА искуството. Тој заработува околу 3,7 милиони евра годишно во Олимпијакос и сега влегува во трета година од својот петгодишен договор.

Илајџа Брајант од Хапоел Тел Авив според Баскет Њуз заработува 4,3 милиони евра по сезона а други извори велат дека неговата годишна плата со сигурност е меѓу три и четири милиони евра.

Силвен Франциско, уште една страшна аквизиција на Панатинакиос имаше турбулентно лето. Тој дојде како бомбастично засилување на француски АСВЕЛ од Вилербан кој имаше големи амбиции наводно со нови газди милијардери. Но тој не стигна ниту да дебитира за АСВЕЛ затоа што Панатиниакос ја искористил клаузулата во договорот да го доведе во Атина за побогат договор од околу 3,5 милиони евра по сезона.

По 3 милиони евра по сезона ќе добиваат и центрите Мфионда Кабенгеле од Дубаи и Валтер Еди Таварес од Реал Мадрид. 

Мајк Џејмс ѕвездата на Монако потпиша договор со Анадолу Ефес од Истанбул и таму ќе заработува околу 2,9 милиони евра по сезона. Тој со Монако играше два пати на Фајнал Фор на Евролига и еднаш во финалето во 2025-та година.

Близу заработката на Мајк Џејмс, а надвор од Топ10 се уште и Матијас Лесор и Жан Монтеро со по 2,8 милиони евра а по 100.000 евра помалку во своите договори имаат Иван Фурније, Марко Гудуриќ и Џанан Муса.

Меѓу вечните ривали Црвена звезда и Партизан нема играчи во Топ10 според плати. Џеред Батлер е најскапо платен кошаркар на Звезда иако нема јавни информации за висината на неговата плата. Партизан за својот лидер Карлик Џонс одвојува 2,5 милиони долари по сезона и тој е најплатен меѓу црно-белите.

15 септември 2026 - 16:04