Како Папаниколау го нокаутираше Реал Мадрид?

Олимпијакос не дозволи да му се случи слично сценарио како што им се случувало во минатото и на нив и на други екипи, Реал Мадрид во плејофот да ја извади слабата сезона преку нивен грб. Грчкиот состав на феноменален начин славеше 3-1 во серијата со „кралскиот клуб“ и се пласираше на Фајнл Фор на Евролига во Абу Даби.

Epa Images
Epa Images
Фото: Epa Images

Олимпијакос славеше 84:86 на гости во Мадрид во четвртиот натпревар против тимот кој во 2023-та година со кош буквално во последна секунда на Серхио Љуљ им го зема пехарот од раце.

Сега Костас Папаниколау, легендата на црвено-белите од Пиреја постигна 4 тројки - 12 поени и го урна Реал Мадрид.

Најдобар стрелец кај победникот беше Еван Фурние со 23 поени но промаши слободни фрлања на крајот и за малку ќе го чинеше победа Олимпијакос. Покрај Папаниколау со 12 поени, Најџел Вилијамс-Гос даде 10 поени колку што имаше и Саша Везенков кој запиша и 6 асистенции. Кај Реал Мадрид Марио Хезоња беше прв стрелец со 21 поен и 6 скока.

Олимпијакос после Фенербахче е втора екипа коај обезбеди пласман на Фајнал Фор во Абу Даби.

На програма во Евролига вечерва се уште натпреварите Ефес Пилсен - Панатинаикос каде грчкиот тим има водство од 1-2 во триумфи колку што има и Монако против Барселона.

2 мај 2025 - 12:34