Носталгичарите на НБА лигата од 90-те сигурно ќе се сетат на Џорџ Карл кој во тоа време го водеше силниот Сиетл Суперсоникс со Шон Кемп и Гери Пејтон, кои во финалето 96-та го немаа лекот за Чикаго и Џордан.
Во неговата долгогодишна тренерска кариера водеше повеќе екипи, меѓу кои и Денвер (2005-2013). Стариот лисец е во пензија од 2016-та и сега има 72 години. Но следи што се случува и твита.
Извади извештај од пред 9 години кои го направиле скаути за Јокиќ кога требал да ја почна НБА кариерата.
Од оваа дистанца предвидувања за српскиот ас не изгледаат само тотален промашај, туку и смешни се.
„Просечен спортист без особена брзина и способност за скок. Можно е да се мачи покрај НБА атлетите. И покрај тоа што е младо момче, се чини дека неговите способности се ограничени поради недостаток на екскплозивност“, пишува во извештајот.
Below is a Jokic scouting report from ‘14:
— George Karl (@CoachKarl22) May 24, 2023
“An average athlete lacking great speed and leaping ability. He may struggle to stay in front of NBA athletes. Despite being a younger guy, his upside appears limited by his lack of explosiveness.”
Point is, believe in yourself!! pic.twitter.com/bVy0jKFiEc
Да видиме 9 години подоцна што напиша Меџик Џонсон за човекот кој после секоја партија ја менува историјаta на НБА, две сезони по ред е прогласуван за МВП и плус за прв во историјата го однесе Денвер во финале.
The Joker is changing the game of basketball right before our very eyes much like Michael, Larry, LeBron, Steph, Kobe, Kareem, and Shaq.
— Earvin Magic Johnson (@MagicJohnson) May 24, 2023