Јокиќ и Мареј се испромашија, Минесота израмни со Денвер

Денвер Нагетс во добар ритам го отвори вториот натпревар од 1. рунда во доигрувањето за титулата против Минесота, но на крајот славеа гостите, израмнија на 1-1 и сега Јокиќ и другарите ќе имаат голем проблем.

Пред своите навивачи во „Бол Арена“ во Колорадо, Денвер Нагетс одигра три добри четвртини, имаше дури и 19+ поени предност но на крајот во последната четвртина неочекувано сопреа двајцата најдобри играчи на екипата и Минесота тоа го искористи.

На пауза се отиде со резултат 64-64, Денвер во третиот период имаше пак водство, но гостите не се предаваа. Откако највисокиот во нивните редови Французинот Руди Гобер поради проблем со лични грешки мораше да излезе од игра, Минесота заигра со пет ниски шутери, ја развлече одбраната на Денвер Нагетс, влезе во шутерски ритам и на крајот заслужено славеше.

Во драматичен финиш Минесота го искористи и враќањето на Гобер кој со помош на соиграчите често го удвојуваше Јокиќ, а Мекданиелс заврши голема работа над Џамал Мареј.

Кај домаќинот Никола Јокиќ имаше 24 поени со 15 скока и 8 асистенции за 40 минути но со шут од игра 9/20 и за три уште поочајни 1-7. Џамал Мареј уфрли 30 поено но имаше катастрофален шут 11/25 за два односно 6/14 за три поени.

Тим Хардавеј Џр постигна 16 поени со три скока, Крис Браун имаше исто 16 поени, а Камерон Џонсон 13 поени. Кај победникот кој оди дома со одлични 1-1 и на следните два дуели ќе се обиде да го елиминира Денвер Нагетс повторно како во полуфиналето на Западот во 2024-та, лидерот Антони Едвардс уфрли 30 поени со 10 скока и две асистенции, Џулиус Рандл имаше 24 поени со 9 скока и 6 асистенции а Донте ДиВинченцо 16 поени со 7 скока и 6 асистенции.

 

21 април 2026 - 08:43