
На почетокот на овој месец, пред Нагетски да направат уште еден неверојатен серијал со кам бек, го прашав 213 см високиот Никола за трпението и стилот што го користи во напад. Во хипер брзата НБА каде ограничувањето на брзината е 70, ѕвездата на Денвер работи на терен многу многу побавно.
„Јас сум трпелив затоа што не можам да трчам брзо и тоа е мојата единствена опција“.
Никој нема да го погреши Јокиќ со Болт во скоро време, но реалноста е дека тој го вади најдобро од себе и најчесто ги легнува противниците на колена додека игра најбавно.
Меѓу играчите во НБА лигата кои одиграа минимум 1.500 минути во регуларниот дел од сезоната, статистички Јокиќ трча временски брзо најмалку од сите. Но без разлика на таа статистика тој максимално ја користи висина како предност и им игра со темпо идеално и погодно како желка.
Но во плејофот тој е подобар и во изминативе две сезони бележи ефикасен процент од поле 65,5%, шутирајќи 33 од 55 или 6 од 7 длабоко во поле.
Овие бројки ги бележи кога има посед на топка повеќе од 6 секунди пред шут, што е значителен напредок бидејќи претходно кога ја држел топката од 2 до 6 секунди шутирал со 50,8% учинок, а кога ја имал до 2 секунди бил прецизен 58,9%.
Јокиќ беше кошмар за Лејкерси во текот на финалето на Западот и погоди толку многу скок шутеви што може да се натпреварува и на коњачки спортови.
Она што честопати се истакнува кај него е колку малку залудни движења има во неговите офанзивни игри. Додека повеќето обично дриблаат откако ќе добијат топка, Јокиќ обично прави паузи за прво да го испита паркетот. Многу пати тој воопшто не ни дрибла.
Оваа сезона уфрли повеќе од 21% од своите додавања откако ќе ја има топката кај себе повеќе од една секунда, без претходно да дрибла. Просечен играч такви додавања прави со 2,5%.
Но Јокиќ не е просечен НБА играч, туку е човек што лесно ги зграпчува топките под кош и потоа во ватерполо стил ги наоѓа соиграчите по должина на подот. Тој е малку како Том Брејди, со тоа што е среќен без да се чувствува дека некој го притиска или брза.
И кога во одбрана ќе се обидат да му извршат поголем притисок со удвојување, многу често знае правилно да прочита и да најде отворен соиграч во аголот.
„Кога играм во напад, јас само барам грешки во одбраната. Побавната игра им дава шанса на моите соиграчи да одат назад или на лоб. Така ми се отвораат и затоа играм во мојата комфор зона“.
Тренерот на Денвер, Мајкл Мелоун ги задолжи своите играчи како подобро да играат со Јокиќ, движејќи се без топка. Бекот Монте Морис рече дека чувството за игра на Јокиќ е посебно, затоа што дефанзивците знаат што се обидува да направи, но немаат начин како да го спречат.
„Ако се обидете да стапнете на чекор до него, околу 90% од случаите ќе ви ја додаде топката таму каде што може да го завршите нападот“, објаснува Морис.