Јокиќ до нов трипл-дабл, ама ЛА Клиперс до триумф во Денвер

Кошаркарите на Денвер Нагетс изгубија тесно 105:102 од ЛА Клиперс во првата рунда од плејофот и сега таму е 1-1 пред продолжение на серијата. Кави Ленард одигра врвен натпревар и покажа зошто е класа играч.

Со 39 поени, три скока и пет асистенции Кави Ленард го разби Денвер Нагетс во меч кој беше неизвесен до самиот финиш. Хрватот Ивица Зубац имаше дабл-дабл учинок со 16 поени и 12 скока, а Џејмс Харден уфрли 18 поени со три скока и седум асистенции. Норман Пауел додаде 13 поени.

Во последните секунди од мечот Јокиќ имаше офанзивен скок и се избори за нова топка но од тешка позиција не успеа да погоди тројки за продолженија зошто на него одлична одбрана одигра јунакот на ЛА Клиперс Кави Ленард.

Кај Денвер Нагетс Никола Јокиќ кој уфрли 26 поени со 12 скока и 10 асистенции за нов трипл-дабл учинок солидна вечер имаа уште само Џамал Мареј со 23 поени (9/17 од игра) и шест асистенции како и Мајкл Портер Џуниор со 15 поени и 15 скока. До 14 поени стигнаа Арон Гордон и Расел Вестбрук.

Серијата сега се сели во Лос Анџелес а третиот меч ќе се игра ноќта меѓу четврток и петок во 3 часот после полноќ по наше време.

22 април 2025 - 08:11