Јорданчо Давитков во 2001. година веќе еднаш беше селектор на Македонија, но не успеа да обезбеди учество на некое големо натпреварување како ЕП или СП.
Негов најголем успех како селектор беше пласманот во Дивизијата А пред 12 години а откако “се лизна“ во обидот да ја однесе Македонија на Европското 2007 доби отказ.
„Бев селектор од 2001 до 2007 и тоа за среќа или несреќа во еден од најтешките моменти од македонската репрезентација. Тоа беше перидо кога поради суспензијата од ФИБА игравме во Дивизија Б. Успеавме да се вратиме во А и тоа беа темелите за сите понатамошни успеси. Овој период ме потсеќа на тој, дојде време кога треба да се вратиме на местото кое ни припаѓа. Сакам да и се заблагодарам на МКФ за укажаната доверба во мене“, изјави Давитков на денешната прес-конференција.
Јорданчо Давитков станува селектор на местото на Драган Раца. Јорданчо неколку години работеше како тренер надвор од Македонија, а во стручниот штаб, помошни тренери на Давитков ќе му бидат младите Алек Јончевски и Љупчо Малинков.
Македонија во август годинава ја очекуваат претквалификациите за Мундијалот2019 во Кина, во кои нашата репрезентација се наоѓа во група со Естонија и со Косово, при што најдобрите две селекции ќе обезбедат пласман во главниот квалификациски циклус.