Историскиот кош на Серхио Љуљ вреден европска титула за Реал

Реал Мадрид со право сезонава го завикаа „мачка со девет животи“. Кралскиот клуб по рекорден 11-ти пат ја освои европската титула и тоа после каква сезона! Имаше гигантот од шпанската престолнина незаборавна серија со Партизан кога направи пресврт и од 0-2 се крена од пепелот и славеше со 3-2. Ја урнаа и Барселона рутински во полуфинале на Фајнал Фор и ги чекаше силниот Олимпијакос.

Грчки Олимпијакос беше прв по регуларниот дел на сезоната и по 34 одиграни кола со 24 победи најави поход на евро титула.

Во литвански Каунас на Фајнал Фор отпатуваа илјадници навивачи на црвено-белите, а од друга страна управата на Реал Мадрид враќала контингенти карти за своите навивачи од причина што кошаркарскиот клуб речиси никогаш немал незапаметена поддршка.

Губеа „кралевите“ во поголем дел од мечот, а нивниот лидер Серхио Љуљ цел натпревар не можеше да се спои со кошот. Не погоди ниту еднаш се до последните 4 секунди кога од полудистанца по дриблинг и тоа преку гигантот Мустафа Фол погоди за +1 на Реал Мадрид.

На Олимпијакос му преостана уште само три секунди и нешто да организира напад но Слукас не погоди и Реал стана европски шампион. По 11-ти пат во историјата и е најтрофеен кошаркарски колектив во Европа.

21 мај 2023 - 22:06