Харден со луд настап и урлање во камера беше ѕвезда на вечерта

Ѕвездениот состав на ЛА Клиперс влезе во страшна форма и ја забележи осмата победа по ред во НБА лигата. И тоа каква победа! Ја разбија Индијана Пејсерс со неверојатен резултат 151:127 и покажаа дека сите песимисти во однос на тоа како ќе се вклопат ѕвездите не биле во право.

Џејмс Харден кој неодамна стигна во ЛА Клиперс, синоќа постигна 35 поени а имаше и 9 асистенции. Харден уфрли 9 тројки од 11 обиди. Кавај Ленард додаде 28 поени, а Пол Џорџ 27 поени. Одлична вечер имаше и Хрватот Ивица Зубац со 18 поени, 16 скока и по три асистенции и блкокади.

Лос Анџелес Клиперс во моментов имаат најдолга серија победи во НБА, а синоќа имаа 77 поени на полувреме што е рекорд на франшизат сезонава.

Кај Индијана Пејсерс прв стрелец беше Бенедикт Матурин со 34 поени а навивачите на овој тим постојано го исвиркуваа Пол Џорџ како што прават уште од 2017-та година кога заимна од клубот на негово силно инсистирање.

Банани на вечерта

19 декември 2023 - 11:03