Харден со една изјава ја размрда цела НБА: „Тој е лажго“

Еден од најдобрите кошаркари во НБА Џејмс Харден е од оној тип на играчи кои се врвни на паркет, но потенцијална мина во соблекувална. Каде и да играше со некого се замери. Така и сега, во Филаделфија Севентиксерс. Сака да си оди иако има договор на уште една сезона а од клубот сакаат тој да остане и пак да биде лидер. Но...

На една средба со новинарите, „Брадата“ отворено вели за генералниот менаџер на Севентисиксерс: „Дерил Мори е лажго и јас не сакам веќе да бидам дел од организација чиј дел е и тој. Дозволете да повторам: Дерил Мори е лажго и јас не сакам веќе да бидам дел од организација чиј дел е и тој“.

 

14 август 2023 - 13:21