Грузиец е хит на вечерта во НБА

Дваесет и пет годишниот Грузиец роден во САД, Сандро Мамукелашвили направил бум синоќа во НБА лигата откако добил шанса да заигра за Сан Антонио Спарс во победата 120-105 против фаворитот Њујорк Никс.

Epa Images
Epa Images
Epa Images

Сан Антонио Спарс игра уште една сезона за заборав, во моментов има 29 победи и 39 порази и се наоѓа на 13-то место од 15 тимови во Западната конференција.

Во салата на Сан Антонио Спарс, во „Фрост Банк Центар“, Сандро Мамукелашвили добил големи овации на крајот од мечот против Њујорк Никс затоа што за 19 минути постигнал 34 поени со пазете шут од игра (13/14 за 2 и 7/7 за три поени). Имал уште и 9 скока и 3 асистенции.

Тој стана прв на неверојатната листа на играчи во НБА кои постигнале 30+ поени во помалку од 20 минути. Мамукелашвили уфрли 34 поени за 16 минути а досега Џајлен Браун има 33 поени за помалку од 20 минути, Кевин Лав дал 32 поени за помалку од 20 минути а Кевин Дурент 30 поени.

Дури 21 поен Грузиецот уфрлил само во четврта четвртина.

После натпреварот топката од мечот за спомен во соблекувална му ја донел член на стручниот штаб на Спарс, а Грузиецот рекол: „Ќе спијам со неа вечер“.

Во шок од настапот на Мамукелашвили бил и в.д. тренерот на Сан Антонио Спарс, Мич Џонсон:

„Смешно е да кажам дека очекував, но како да постоеше чувство дека е на работ да има еден ваков навистина одличен натпревар. Тој работи секој ден. Многу е конзинстентна личност“.

20 март 2025 - 08:47