Спарс синоќа гостуваа кај Портланд и победија за водство 3-1 во серијата во првата рунда од доигрувањето за титула на Западот. Вемби со ваквиот учинок го повтори подвигот на Хаким Олајџувон кој имаше вакви бројки во '90-те години. Тој пред натпреварот во Портланд го помина задолжителниот протокол од НБА лигата за играчи кои имале потрес на мозок.
Фокс беше најефикасен кај Сан Антонио со 28 поени, седум асистенции и шест скока а Виктор Вембанјама постигна 27 поени, 11 скока и седум блокади. Кестл додаде 16 поени си 8 асистенции.
Кај Портланд Трејлблејзерс Дени Авдфија уфрли 26 поени со седум скока, Холидеј имаше 20 поени, шест скока и четири асистенции а Грент запиша 17 поени и пет скока.
27-8 RUN BY THE SPURS TO START Q4 🔥
— NBA (@NBA) April 26, 2026
DOWN 17 AT THE BREAK.
UP 20 WITH UNDER 5 TO PLAY. pic.twitter.com/e0QI21yXoK
ХЈУСТОН Е ЖИВ, РАЈАКОВИЌ И ТОРОНТО ПАК ИЗРАМНИЈА
Торонто Репторс израмни во серијата против Кливленд Кавалирс на 2-2 откако ги совладаа ривалите од Охајо синоќа 93-89. Торонто речиси цела сезона беше најдобар тим на Истокот во НБА лигата но во 1. рунда од доигрувањето тешко игра против незгодниот Кливленд.
Најзаслужни за триумфот кај Торонто беа Барнс и Инграм со по 20 поени а Мичел и Џејмс Харден постигнаа по 19 поени за Кливленд Кавалирс.
Кошаркарите на Хјусон Рокетс синоќа славеа против ЛА Лејкерс конечно во серијата 115-86 и се одржаа во живот откако „езерџиите“ претходно водени од неверојатниот Леброн Џејмс (41) без Дончиќ и Остин Ривс добија 3 натпревари по ред.
Најефикасни во триумфот на „ракетите“ беа Томпсон со 23 поени, Исон со 20 и Алперен Шенѓун со 19 поени. Кај ЛА Лејкерс Деандре Ејтон уфрли 19 поени.
Бостон Селтикс пак „зема“ победа на гости кај Филаделфија 76ерс откако славеше убедливо со 32 поени разлика (128:96) и е на чекор од 2. рунда во доигрувањето за титулата. Келтите водат со 3-1 пред петтиот дуел кој го играат дома.
Пејтон Причард со 32 поени и Џејсон Тејтум со 30 поени беа најдобри во таборот на Бостон Селтикс. Кај Филаделфија се истакна Жоел Ембид со 26 поени и 10 скока.