Дурент до Јокиќ на Олимписките игри: „Цел ден пиете вие“

Златен паркет или Court of Gold е насловот на новиот документарец на Нетфликс во режија на Џејк Рогал кој ќе биде супер-интересен за гледање. Одработува моменти од завршницата на кошаркарскиот турнир на Олимписките Игри 2024 во Париз. Ги опфаќа четирите селекции САД, Србија, Германија и Франција. Има инсерти од соблекувални и моменти како онаа кога Јокиќ и Србите по освоената бронза против Германија, веќе се дамла пијани и бараат пиво.

Моментот беше што мечот за трето место и бронза се играше неочекувано рано, дента од 11 часот наутро.

Србија ја растури Германија, освои бронза и после тоа кошаркарите се опуштиле по емотивниот набој со САД во полуфинале и уште полудиот пресврт со Австралија во четвртфинале кога се вратија после -24 негатива.

Јокиќ и другарите пиеле цел ден, имале организиран ручек и музика во живо. За малку ќе ја пропуштеле и церемонијата на доделување медали а Дурент му рекол на Јокиќ „Цел ден пиете бе“. А лидерот на Србите на свој помошен тренер му вика оди најди го нивниот селектор Стив Кер, тој има пиво:

Пешиќ и Јокиќ на полувреме биле фрустрирани од тоа што Дурент погоди речиси сè: 

Јокиќ до актерот Кевин Харт: Мислев дека си нечие дете

Некој го снимил скришно Пешиќ на Олимпијада како ги прави партал кошаркарите

Спектакуларна фешта за српските олимпијци во Белград

19 февруари 2025 - 09:39