Бронзен медал за фантастичната Србија, Јокиќ феноменален со трипл дабл

Направија кам бек против Австралија после негатива од 24 поени. Водеа 17 поени против САД и беа во предност 37 минути. Го совладаа актуелниот светски првак Германија во битката за третото место. Србија беше нешто посебно на овие Олимписки игри.

Селекцијата на Србија славеше против Германија со 93:83 и со тоа го освои бронзениот медал, како утеха после извонредниот перформанс против САД.

Победата е целосно заслужена и доаѓа по само една година откако беа поразени од Германците во финалето на Светското првенство во Филипини, Јапонија и Индонезија.

Но тогаш беа без Никола Јокиќ, кој овој пат ја направи разликата на паркетот и издоминира со трипл дабл (19 поени, 12 скока и 11 асистенции).

Со тоа стана само четврти играч во историјата на Олимпијадите со ваков личен дострел. Другите тројца се Леброн Џејмс, Александар Белов и Лука Дончиќ.

И покрај тешката и емотивната истрошеност против Американците, момците на Пешиќ пронајдоа сили да одиграат нова доминантна партија и не му дозволија на светскиот првак ниту еднаш да стигне до водство. 

На полувреме имаа +8, а во третата четвртина ги имаа највисоките +19.

Најголемата помош Јокиќ ја доби од Мициќ кој беше одличен со 19 поени, а капитенот Богдановиќ постигна 16. Кај поразениот тим најдобар беше Франц Вагнер со 18 поени.

Ова е трет олимписки медал на селекцијата на Србија. Првите два им се сребра од Атланта 1996 и Рио 2016.

10 август 2024 - 12:50