Дончиќ се врати и го врати Лејкерс на победнички пат

Суперѕвездата на ЛА Лејкерс се врати на паркетите откако пропушти еден натпревар поради повреда, и одново го носеше својот тим до важна победа, овојпат против Феникс Санс на Кевин Дурент и Букер.

Epa Images
Epa Images
Epa Images

Лука Дончиќ во триумфот на Лејкерс над Феникс Санс 107:96 постигна 33 поени (8/20 од игра) со 11 скока и 8 асистенции. Удел во победата на тимот кој од клупата го води тренерот Џеј-Џеј Редик имаа уште и одличниот Остин Ривс со 28 поени, четири скока и шест асистенции, како и Џексон Хејс со 19 поени, шест скока и три асистенции.

Интересно Дончиќ и Дурент имаа многу дуели еден-на-еден, а Лука излезе поуспешен во повеќето. Во еден момент ѕвездата на Феникс Санс со насмевка му рекла на Дончиќ: „Знаеш дека ова нема да можеш да го правиш во плејофот?“ а Лука после постигнат кош кога седнал на клупата на тајм-аут рекол: „Никогаш во живот не сум имал олку простор“.

Двоцифрен беше и Доријан Фини-Смит со 10 поени, седум скока и три асистенции.

Кај поразениот Феникс Санс Кевин Дурент беше најефикасен со 21 поен, девет скока и две асистенции. Девин Букер постигна 19 поени, пет скока и 11 асистенции.

17 март 2025 - 11:54