Дончиќ блеска, сам ја победи Минесота

Во време кога се разделува од својата вереница Ана Марија со која има две мали ќерки, Лука Дончиќ пружа одлични партии на паркетот. Синоќа запиша нов трипл-дабл учинок во триумфот на ЛА Лејкерс над Минесота Тимбервулвс 120:106.

Асот на ЛА Лејкерс Дончиќ го заврши дуелот со 31 поен 11 скока и 11 асистенции. Интересно тој ги промаши првите пет шута од поле но како поминуваше натпреварот влезе во ритам и после не промашуваше.

Ова е 89-ти трипл-дабл во НБА кариерата на Дончиќ.

Остин Ривс беше исто феноменален со 31 поен, седум скока и осум асистенции, а Ејтон уфрли 14 поени со 12 скока. Кај Минесота Тимбервулвс Ентони Едвардс запиша 14 поени но со очаен шут од игра 2/15. Џулиус Ренсл имаше исто 14 поени, Рид и Досунму по 13 а Хајленд 11 поени.

Инаку Дончиќ минува низ разделба со девојката Ана Марија со која беа заедно долги години, уште од времето додека беше во Љубљана па во Реал Мадрид. Со неа има две мали ќерки и спремал веридба.

За ова Дончиќ зборувал и пред камерите на ЕСПН.

„Ги сакам ќерките повеќе од што било друго и правам се за да бидат со мене во САД во текот на сезоната. Сепак тоа не е можно па донесов тешка одлука да ја раскинам веридбата.

Според медиумите во САД, поточно ТМЗ, Ана Марија решила да покрене судска постапка со адвокати во Калифорнија и бара парична надомест а Лука Дончиќ „немал појма“ дека се случило такво нешто.

Постарата ќерка поминала само три месеци со Лука Дончиќ а младата која се роди неодамна пред неколку месеци се уште не била во САД туку е во Словенија па ѕвездата на Лејкерс се враќа во родната земја односно во Крањ за да ја види.

„Правам сè да ги направам ќерките среќни и секогаш ќе се борам да им пружам најдобар можен живот“, рекол Лука.

 

11 март 2026 - 09:36