Добро утро, нов трипл-дабл на Никола Јокиќ

Денвер Нагетс го разби Хјустон Рокетс 129:93 а српскиот центар забележа нов трипл-дабл, 25-ти таков учинок во сезоната.

Никола Јокиќ дури четврта сезона по ред врзува по најмалку 25 трипл-дабл учиноци што никогаш никому по ред не му успеало во НБА лигата.

Србинот забележа 16 поени, 12 скока и 13 асистенции а имаше и пет украдени топки. Јокиќ го оствари својот 187-ми трипл-дабл во кариерата и е во потрага по лидерот на оваа вечна листа Расел Вестбрук.

Ова е 15-ти трипл-дабл на лидерот на Денвер Нагетс сезонава.

Најефикасен кај Денвер беше Џамал Мареј кој уфрли 30 поени а Нагетс имаат предност во меѓусебните дуели со Хјустон откако имаат 3 победи и 1 пораз сезонава.

Ова беше прв пат уште од ноември Дејвид Аделман да игра со стартна постава од почетокот на сезоната. Тимот изгуби шест од последните 10 натпревари после Ол-Старот а Аделман полека ги ротира и внимателно ги спрема играчите кои се враќаат после повреди.

Кај Хјустон Рокетс кој е трет на табела со 40 победи и 25 порази Ејмен Томпсон беше најефикасен со 16 поени, Кевин Дурент имаше 11 поени а Алперен Шенгун уфрли 10 поени.

12 март 2026 - 09:05