Македонија под водство на Ненад Димитријевиќ кој блескаше со трипл-дабл учинок 15 поени, 14 скока и 11 асистенции, Виктор Ефремовски кој даде 17 поени и новајлијата Мозес Рајт со 12 поени и 9 скока ја оствари првата победа во овој циклус.
Сега Македонија и Кипар се први на табела со учинок 1-0 а Австрија веќе има 2 порази. Пласман во квалификациие за Европско првенство ќе обезбеди само првиот во група. Македонија следно игра против Кипар дома на 26-ти ноември во Скопје.