Четириесет и четири годишниот Дарко Рајаковиќ кој е роден во српскиот град Чачак, доаѓа во НБА на крила на еуфоријата која настана околу неговиот сонародник и нов МВП шампион Никола Јокиќ.
На промоцијата во Репторс, директорот на Торонто зборуваше на оваа тема дека Рајаковиќ седнува на клупата во моменти кога неговите сонародници Ѓоковиќ и Јокиќ се најпопуларни спортисти со големите успеси.
Рајаковиќ е роден и растен во Србија а со кошарка се занимавал уште од младоста. Додека сите врсници активно играле фудбал и кошарка, тој бил привлечен од тренерските учебници. Уште на 16 години почнува да ги води јуниорските категории во родниот Борац Чачак а веќе на 19 години доаѓа да тренира деца во академијата на Црвена звезда.
Во меѓувреме дипломирал тренерски студии на Белградска кошаркарска академија.
Потоа заминува за Шпанија каде сериозно влегува во тематиката пред да летне за САД. Преку океанот оди на повик на легендарниот Грег Поповиќ кој го поставува за консултант во Сан Антонио Спарс на летната НБА лига. Во редовите на гигантот останува од 2004-та до 2011-та и тоа е период во кој стекнал најголемо тренерско знаење.
Тој му бил помошник во меѓувреме на поранешниот српски селектор Саша Ѓорѓевиќ на клупата на репрезентацијата, а подоцна две сезони бил главен тренер во силната развојна Џи Лига во САД.
Во сезоната 2014/2015 доаѓа да биде помошен тренер во Оклахома Сити Тандер а во 2019/2020 бил помошник во Феникс пред истата сезона да се пресели во Мемфис Гризлис исто како асистент.
Дарко е само втор тренер од Србија кој станал главен тренер на НБА франшиза после Игор Кокошков кој ги водеше Феникс Санс во 2018/2019.
Рајаковиќ во меѓувреме добил и документи,
„Деновиве толку многу се смешкам што веќе ме здоболе вилицата. Ви благодрам многу. Се чувствувам како патка која на површината изгледа како се да е кул, но моите стопала долу само работат. Многу сум возбуден. Морам малку да застанам“, изјавил Рајаковиќ на прес-конференцијата каде имало голем број Срби иселеници во Торонто.
I’m beyond blessed to be new Head Coach with @Raptors. I want to thank Mr. Tanenbaum, Masai, Bobby, Dan, Teresa, Alex for trusting me to lead the program. Huge thanks to my family, friends, mentors, players that I coached and my agent for always believing in me #WeTheNorth pic.twitter.com/5wEjp3aLHW
— Darko Rajakovic (@DRajakovic) June 13, 2023
Генералниот директор на Торонто Репторс Боби Вебстер вели дека Рајаковиќ не бил фаворит во трката за тренер кога Торонто почнал да бара, но победил низ долгиот процес на претрага. Под негово водство кошаркарски се образувале денес врвни кошаркари како Денис Шрудер од ЛА Лејкерс, Виктор Оладипо, Стивен Адамс, Алекс Абринес, Џа Морант и други.
„Многу е паметен, детален, прецизен. Има различно меѓународно искуство, но исто и во НБА. Работел за голем број организации и директно со некои високо ценети играчи и некако во сè се вклопува. Ги надмина нашите очекувања и навистина нè импресионираше“, вели Боби Вебстер, творец на шампионскиот Торонто Репторс скоро во 2019-та.
Јокиќ за новиот тренер на Торонто Репторс Дарко Рајаковиќ: