Инаку АБА лигата се реши за овој бараж меѓу Широки Бријег кој е хрватски клуб на хрватската заедница во Босна и Херцеговина да ги постави хрватските судии Томислав Хордов и Марко Мустапиќ.
Широки Бријег синоќа доби дури 31 слободно фрлање (погодија 21, односно 68% прецизност), а ТФТ доби само 12 слободни фрлања од кои погоди 8 (67% прецизност).
Натпреварот се игра во 2 добиени, а следниот дуел се игра во Скопје во среда од 19 часот. Евентуалната мајсторка е закажана за 6-ти мај (среда) во Широки Бријег од 20.00 часот.