Никола Јокиќ и Арон Гордон во четвртиот меч против Мајами Хит синоќа доминираа и беа најзаслужни што Нагетс направија нов брејк, двоен на гостување во Мајами и што пред своја публика пред преполна арена ќе играат за прва титула.
Никола Јокиќ постигна 23 поени со 12 скока и 3 асистенции за дабл-дабл учинок. Српскиот репрезентативец беше изваден од игра на старт на четвртиот период со цел да се сочува, затоа што имаше пет лични грешки, па немаше можност да ја подобри својата статистика.
Најдобар поединец кај победникот беше Арон Гордон со 27 поени, 7 скока и 6 асистенции. Брус Браун одигра сјајна улога со 21 поен, 3 скока и 2 асистенции а Џамал Мареј постигна 15 поени со 12 асистенции и 3 скока.
Кај домаќинот Хит најефикасни беа лидерите, Џими Батлер со 25 поени, 7 скока и 7 асистенции и Бам Адебајо со 20 поени, 11 скока и 3 асистенции.
Избраниците на Мајк Мелоун и на овој натпревар покажаа нови тактички излети кои им донесоа триумфи од натпревар во натпревар во плејоф серијата.
Со ефективни напади и корекции во одбраната Денвер Нагетс во финалето игра перфектно.
Доказ за тоа е што Денвер Нагетс речиси цела плејоф серија игра најчесто со едни исти осум играчи кои имаат речиси иста минутажа но токму резервистите носат многу голема енергија од клупата, па така беше и синоќа.
Останатите резервисти, како например Деандре Џордан и Реџи Џексон добиваат по 30-ина секунди по меч на крајот кога резултатот е веќе готов.