На 14-ти септември ќе се навршат 12 години од најубавата кошаркарска бајка во историјата на Македонија која сензационално стигна до големото полуфинале по чудесна победа против домаќинот Литванија 67-65 со тројката на Владо Илиевски во последните моменти од мечот. Во битката за финале изгубивме тесно од Шпанија која подоцна го освои Европското првенство.