Непознатото име за македонската кошарка, Драган Раца вчера беше назначен за нов предводник на македонската кошаркарска репрезентација. Перо Антиќ денеска го кажа своето мислење за оваа одлука на Фејсбук.
Напиша дека тоа ќе биде нов пион на Заре и компанија, а му се обрати и на Намик Полат, името на Петар Наумовски кое го доби откако се стекна со турско државјанство додека играше за Ефес Пилсен.
Првата преписка меѓу Антиќ - МКФ се случи лани во септември. Реакцијата на Антиќ, реплика на КФМ, па контра реплика на кошаркарот на Фенербахче.