Перо Антиќ натпреварот го стартуваше од клупата за резерви, додека Бо Мекејлеб по првите 5 минути од средбата постигна две тројки, а неговиот тим имаше водство од 15:10. Првата четвртина заврши 24:23 за гостите.
Олимпијакос беше далеку поконкретен и попрецизен во вториот период, кога впрочем се играше и со поголем жар. Тесниот резултат и големата борба на теренот доведоа и до кошкање помеѓу Ејси Ло и Ромаин Сато кои беа исклучени. Грците до крајот на првото полувреме го контролираа резултатот и на пауза заминаа со тесно водство од 47:43.
Победникот на натпреварот се чини беше решен во третата четвртина која целосно му припадна на бранителот на титулата со 25:12. Одличната реализација на Олимпијакос му донесе убедлива предност од 19 коша разлика.
Големото водство, домаќините го одржуваа се до финишот на последната четвртина кога турскиот претставник успеа само да ја намали високата разлика. Македонскиот плејмејкер беше најдобар поединец со 20 поени, 6 скока и 2 асистенции, а исто толку поени постигна и неговиот клупски колега Бојан Богдановиќ.
Перо Антиќ имаше скромен учинок од 4 поени и 4 скока, а кај победничкиот тим најпрецизен беше Спанулис со 15 коша.
Во следното коло кое е на програмата на 15 февруари, Олимпијакос му гостува на Кимки, додека Фенербахче го очекува турско дерби против тимот на Бешикташ.