Тотенхем синоќа одигра 1:1 против ВБА и уште повеќе му ги зголеми шансите на Лестер да ја направи сензацијата. На Лисиците им требаат уште само три бода за титула, а до крај играат против Манчестер Јунајтед на гости, со Евертон дома и со Челси на Стемфорд Бриџ.
Покрај лудото славје кое се очекува со денови да трае во Лестер, навивачите кои веруваа во чудо ќе тријат раце. По киксот на Тотенхем навивач на Лестер твитна со надеж дека историјата ќе биде испишана на Олд Трафорд, а тој ќе плаче од радост и плус со 3 фунти влог ќе земе 15.000.
Од Вилијам Хил му вратија на Твитот, а инаку тој има право на cash out. Тоа значи дека ако сака може да се откаже од добивката, а кладилницата за тоа да му исплати 13.125 фунти. На навивачот не му се верува што му се ближи бидејќи до сега од спортска најмногу фатил 45 фунти.
За cash out се реши и 59 годишниот Џон кој исто така пред стартот на сезоната се обложил дека Лестер ќе ја освои титулата. Тоа го направил на шега без никаква надеж дека може да добие 100.000 фунти. Кладилницата пред 2 месеци му понуди 29.000 фунти и тој прифати и се откажа од добивката.
Инаку овие двајца навивачи не се единствени кои ќе ги празнат кладилниците. Столарот со 5 фунти чека 32.000, а најголемо махериште ќе биде навивачот кој чека 140.000 фунти.
Сите овие четворица се обложија на Лестер кога коефициентот беше 5.000, а сега е паднат на 1.06. Бројката на тикети кои ќе бидат исплатени за титула на Лестер не е позната, а пред околу три месеци од Вил Хил изјавија:
„Од комерцијални причини ние не сме навивачи на Лестер. Ако ја освојат Премиер лигата, ќе треба да исплатиме 2 милиони фунти“.
Сега се јавија 5 кладилници кои се спремаат за загуба.