Махерот кој го доби рекордниот тикет во Македонија одиграл систем 4/7 со шест фиксови, а способностите за кладење ги покажал на репрезентативни средби каде играа земји како Узбекистан, Бурунди и Бангладеш.
Максималната исплата на тикетот му е 4,5 милиони денари, но Скопјанецот промаши два меча и фати 3.100.768 денари или 50.447 евра.
Во нашата рубрика Махер и малер на колото до сега ни пратиле тикет со максимални 20.000 евра.